свет, Операција Извор на мирот

ЈПГ/ПКК, и покрај постигнатиот договор, нападна со снајперски оган

И покрај постигнатиот договор меѓу Турција и САД за воведување на 120-часовна пауза на операцијата, со цел да се обезбеди повлекување на терористите на ЈПГ/ПКК од безбедносното подрачје, терористите ги нападнаа војниците на СНВ.

Burak Karacaoğlu, Ömer Koparan, Eşref Musa  | 19.10.2019 - Обновена : 20.10.2019
ЈПГ/ПКК, и покрај постигнатиот договор, нападна со снајперски оган

РАС ЕЛ АЈН

Терористичката организација ЈПГ/ПКК, и покрај постигнатиот договор меѓу Турција и САД, вчера отвори оган врз Сириската национална војска (СНВ) во Рас ел Ајн на сириско-турската граница, јавува Anadolu Agency (AA). 

И покрај постигнатиот договор меѓу Турција и САД за воведување на 120-часовна пауза на операцијата, со цел да се обезбеди повлекување на терористите на ЈПГ/ПКК од безбедносното подрачје, терористите ги нападнаа војниците на СНВ.

Синоќа припадници на терористичката организација изведоа напад со снајперски оган, ранувајќи тројца војници на СНВ.

Ранетите војници на СНВ од Рас ел Ајн во Сирија, се префрлени на лекување на турска територија во Џејланпинар, во областа Шанлиурфа.

Турското министерство за одбрана преку својот профил на социјалната мрежа Твитер ги сподели следните информации „Додека ТСК во целост се придржува на Договорот за безбедносната зона, терористите на ЈПГ/ПКК во последните 36 часа изведоа 14 притисоци/напади.“

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın