свет

ЈПГ/ПКК го замени своето знаме со ново во сирискиот град Тал Абјад

Новите снимки направени од репортерите на АА на терен, покажуваат дека ЈПГ/ПКК претходното знаме закачено во центарот во Тал Абјад во Рака го заменила со ново...

Nilay Kar  | 22.09.2019 - Обновена : 23.09.2019
ЈПГ/ПКК го замени своето знаме со ново во сирискиот град Тал Абјад

РАКА (АА) - Терористичката организација ЈПГ/ПКК го замени своето знаме со ново, што беше закачено во северниот сириски град Тал Абјад, јавува Anadolu Agency (АА).

Новите снимки направени од репортерите на АА на терен, покажуваат дека ЈПГ/ПКК претходното знаме закачено во центарот во Тал Абјад во Рака го заменила со ново кое го користи т.н. Воен совет, кој е поврзан со групата.

Замената на знамето следуваше по притисокот на Турција врз терористичката организација. Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, вчера нагласи дека Турција ќе ги расчисти сите терористички организации со воспоставување на безбедносна зона источно од реката Еуфрат.

На 7 август, турските и американските воени претставници се согласија да формираат безбедносна зона во северна Сирија и да воспостават мировен коридор, со цел да го олеснат движењето на раселените Сиријци, кои сакаат да се вратат дома. Тие, исто така, се согласија да формираат заеднички оперативен центар.

Договорот, исто така, предвидува спроведување неопходни мерки во однос на безбедносната загриженост на Турција, како што се расчистување на зоната од терористичката ЈПГ/ПКК, група со која САД беа сојузници, и покрај приговорите на Турција.

Турција ги обвинува Соединетите Американски Држави (САД) за одолговлекување и дека имаат различен концепт за безбедносната зона.

Ердоган во средата изјави дека Турција ќе ги активира своите планови по две недели, доколку не се постигнат резултати од договорот за безбедносна зона меѓу Турција и САД.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın