свет

Јордан: „Провокациите на Израел ќе доведат до нов бран насилства“

Стотици доселеници стигнаа денеска на местото, на ретка тура во последните денови од месецот на постот, Рамазан, кој завршува следнава седмица

Ali H. M.Abo Rezeg  | 02.06.2019 - Обновена : 04.06.2019
Јордан: „Провокациите на Израел ќе доведат до нов бран насилства“

АМАН (АА) - Јордан повика на итно запирање на провокациите на Израел во комплексот „Ал Акса“ во Источен Ерусалим, предупредувајќи на нов круг насилства во регионот на Блискиот Исток, јавува Anadolu Agency (AA).

Стотици доселеници стигнаа денеска на местото, на ретка тура во последните денови од месецот на постот, Рамазан, кој завршува следнава седмица.

При оваа тура на доселениците дојде до судири меѓу муслиманските верници и израелската полиција.

Во соопштението на Министерството за надворешни работи на Јордан се предупредува за „опасните последици од израелските ескалирачки провокации, кои ќе го повлечат регионот во нов круг на насилствa кои може да претставуваат закана за безбедноста на регионот во целост.“

Министерството ги повика израелските власти веднаш да ги прекинат сите овие провокации, што ги окарактеризира како апсурдни, неодговорни и осудени.

Органот за религиозни задолженија со седиште во Јордан има задача да ги надгледува муслиманските и христијанските свети места во Ерусалим.

Насилствата денеска дојдоа по повиците на еврејските групи за доселениците да дојдат на местото за да го одбележат она што тие го нарекуваат „повторно обединување на Ерусалим“.

Израел од Арапско-израелската војна во 1967 година нелегално го окупираше Источен Ерусалим каде што се наоѓа „Ал Акса“.

Во потег кој не беше признат од меѓународната заедница, Израел го анектираше целиот град во 1980 година.

За муслиманите „Ал Акса“ претставува трето свето место на светот. Евреите, од друга страна, го дефинираат ова подрачје како „Ридот на храмот“, тврдејќи дека тоа било место на два еврејски храма во древните времиња.

Меѓународното право продолжува да ги смета Западниот Брег и Источен Ерусалим како окупирана територија.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.