Mehmet Nuri Uçar
04 Февруари 2021•Ажурирај: 05 Февруари 2021
ТАИЗ
Војската на Јемен соопшти дека е соборено беспилотно летало на бунтовничкото движење Хуси во Таиз на југозападниот дел на земјата, јавува Агенција Анадолија (АА).
Од бригадата „Амалика“ е наведено дека Хусите го нападнале воениот пункт во регионот Ел-Берах во Таиз. Потоа беспилотното летало е лоцирано и соборено. Потврдено е дека немало смртни случаи, ниту повредени.
Бунтовничкото движење Хуси сѐ уште не се огласи во врска со овој случај.
Јемен е место на длабока политичка и безбедносна криза, која кон крајот на 2014 година ескалира во граѓанска војна, кога бунтовниците предводени од шиитското движење на Хусите и од Конгресот предводен од претседателот Салех го зазедоа најголемиот јеменски град Сана, а потоа и другите региони.
Коалициските сили под водство на Саудиска Арабија од март 2015 година ѝ даваат поддршка на Владата на Јемен против Хусите, што ја влоши ситуацијата и ја предизвика една од најлошите хуманитарни кризи на светот. Според податоците на ОН, на дури 80 отсто од 24 милиони жители во Јемен им е потребна хуманитарна помош, а повеќе од 13 милиони лица гладуваат.