Fuat Kabakcı
04 Февруари 2021•Ажурирај: 05 Февруари 2021
АНКАРА
Новиот тип на коронавирус (Ковид-19) на светско ниво досега е детектиран кај над 105.000.000 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според интернет страницата „Worldometers“, која секојдневно ги ажурира податоците поврзани со бројката на заразени и смртни случаи предизвикани од новиот тип на коронавирус (Ковид-19) во светот, досега на глобално ниво регистрирани се вкупно 105.003.605 лица позитивни на вирусот.
Соединетите Американски Држави (САД) се земја со најголем број на заразени во светот, со досега детектирани 27.150.457 лица позитивни на коронавирусот.
Земји во светот, покрај САД, во кои бројот на заразени со Ковид-19 надминува 1 милион се:
Индија (10.791.123), Бразил (9.339.921), Русија (3.917.918), Велика Британија (3.871.825), Франција (3.251.160), Шпанија (2.913.389), Италија (2.583.790), Турција (2.501.079), Германија (2.252.489), Колумбија (2.125.622), Аргентина (1.952.744), Мексико (1.886.245), Полска (1.533.511), Јужноафриканска Република (1.463.016), Иран (1.445.326), Украина (1.232.246), Перу (1.158.337) и Индонезија (1.123.105).
Новиот тип на коронавирус кој за првпат се појави во кинескиот град Вухан и за кратко време се рашири низ целиот свет, досега е причина за смртта на 2.280.754 лица, а оздравеа 76.749.443 заразени. Моментално од вирусот се лекуваат 25.829.383 заразени лица.