Hamdi Yıldız
03 Август 2020•Ажурирано: 04 Август 2020
АДЕН
Мухтар ер-Рахби, секретар во Министерството за информатика на Јемен, истакна дека разговорот на Министерот за надворешни работи на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), Абдулах бин Зајид, со неговиот ирански колега Мухамед Џевад Зариф, ја открива вистинската улога на ОАЕ во Јемен, пренесува Агенција Анадолија (АА),
Рахби преку социјалната мрежа Твитер му одговори на академикот Абдулхалик Абдулах, кој е познат по неговата блискост со администрацијата на ОАЕ.
„Во Јемен отидовте да војувате против Иран и неговите ограноци (алудирајќи на Хусите), а сега спроведувате пријателски, отворен и длабок дијалог“, рече Рахби, откако академикот Абдулах напиша дека Бин Зајид и Зариф преку видео-конференција реализирале пријателски, отворен и длабок дијалог.
„Оваа состојба ја открива вистинската цел на ОАЕ во Јемен. ОАЕ во Јемен не отидоа да војуваат против Иран, туку отидоа за аеродроми, пристаништа, острови, брегови и водни премини“, додаде Рахби.
Во последно време, Владата на Јемен ги обвинува ОАЕ дека спроведува втор државен удар по Хусите.
ОАЕ ѝ дава отворена поддршка на сепаратистичката група позната како „Јужен транзиционен совет“, која сака јужниот дел на Јемен да го оддели од северниот дел на земјата.