Ekipa
01 Август 2016•Ажурирај: 02 Август 2016
ТОКИО (АА) - Жителите на Јапонија се вознемирија кога локалните власти издадоа лажно предупредување за земјотрес кој наводно, го погодил Токио, пренесува Anadolu Agency (AA).
Јапонската метеоролошка агенција издаде предупредување денес дека земјотрес со јачина од 9,1 степен го погоди Токио. Веста брзо одекна на социјалните мрежи, а потоа и во медиумите.
Агенцијата се огласи со соопштение во кое се наведува дека сѐ уште не е познато зошто и како дошло до издавање на лажното предупредување.
Еден официјален претставник на Агенцијата вели дека постои можност гром да удрил во сеизмографот што ги детектира земјотресите.
Инаку, Јапонија поради својата географска положба е подложна на земјотреси. Во март 2011 година, оваа земја ја потресе силен земјотрес со јачина од девет степени по Рихтер, по што следуваше цунами во кое загинаа 18.000 луѓе, а сериозно беа оштетени три нуклеарни централи.