Ahmet Furkan Mercan
19 Мај 2022•Ажурирај: 20 Мај 2022
ТОКИО (АА) - Јапонија ќе обезбеди дополнителна финансиска помош до 300 милиони долари за Украина каде што продолжуваат руските напади, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Јапонскиот премиер Кишида Фумио на прес-конференција истакна дека Јапонија ќе ја зголеми поддршката за Украина во финансиските потешкотии со кои се соочува оваа земја.
Кишида нагласи дека финансиската состојба на Украина е нарушена по нападите на Русија, и дека од украинската страна добиле апел за поддржување на фондовите со краток рок.
Според него, како земја членка на Г7 треба да ги исполнат ваквите потреби, а неговата земја, како што рече, ќе обезбеди дополнителна финансиска помош од 300 милиони долари за Украина.
Со ова, обемот на финансиската помош на Јапонија за Украина достигна вкупно 600 милиони долари.