свет

Шведски новинар: „Турција е во право во спротивставувањето на членството на мојата земја во НАТО“

Во својата колумна за барањето на Шведска и Финска за членство во НАТО и ставот на Турција, Нилсон рече: „Главниот проблем е што ставот на Турција за Шведска е оправдан.“

Atila Altuntaş  | 19.05.2022 - Обновена : 20.05.2022
Шведски новинар: „Турција е во право во спротивставувањето на членството на мојата земја во НАТО“

СТОКХОЛМ (АА) - П.М. Нилсон, политички уредник во шведскиот весник „Дагенс индустри“, истакна дека Турција има оправдани причини за спротивставувањето на членството на Шведска во НАТО, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Во својата колумна за барањето на Шведска и Финска за членство во НАТО и ставот на Турција, Нилсон рече: „Главниот проблем е што ставот на Турција за Шведска е оправдан.“

Новинарот Нилсон, наведувајќи дека Социјалдемократската партија, за Магдалена Андерсон да биде избрана за премиер, направи „договор“ со независната пратеничка Амине Какабавех, рече:

„Овој договор, колку што беше чуден, толку беше и неуставен. Договорот беше за продлабочување на соработката со ЈПГ/ПКК во Сирија. Овој договор беше диктат на надворешната политика на еден пратеник преку ЈПГ, која Турција ја дефинира како огранок на ПКК во Сирија. Овој договор, кој е неодржлив, е познат и објавен факт кој јасно покажува дека не се работи за „недоразбирање“ за Турција, како што рече министерката за надворешни работи, Ан Линде.“

Магдалена Андерсон, лидерката на Социјалдемократската партија во Шведска, беше избрана за премиерка со само еден глас повеќе? на парламентарното гласање на 29 ноември 2021 година.

Во изјавата пред парламентарната седница, Џими Акесон, лидер на екстремно десничарскиот Сојуз на шведски демократи, рече дека Социјалдемократската партија преговара со терористичката организација ПКК за формирање влада.

Aкесон, истакнувајќи дека преговорите се водени преку независната пратеничка Амине Какабавех, рече: „Видовме дека Социјалдемократската партија преку Какабавех ќе воспостави блиски односи со ПЈД, која е огранок на терористичката организација ПКК, за да формира влада.“

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.