Ahmet Furkan Mercan
20 Мај 2022•Ажурирај: 20 Мај 2022
ТОКИО (АА) - Јапонската Влада со 2,1 милион долари ќе ги поддржи активностите на Меѓународната агенција за атомска енергија (UAEA) за безбедност на нуклеарните централи во Украина, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Рафаел Мариано Гроси, директорот на УАФА, се сретна со јапонскиот министер за надворешни работи, Хајаши Јошимаса, во рамките на неговата посета на Токио.
За време на средбата, Гроси и Јошимаса се договорија за продолжување на соработката во обезбедувањето на безбедност на нуклеарните централи во Украина.
Во овие рамки, министерот Јошимаса наведе дека неговата земја ќе одвои 2,1 милион долари за поддршка на активностите на УАФА за безбедност на нуклеарните централи во Украина.
Финансиската поддршка на Јапонија за УАФА ќе вклучува снабдување на агенцијата со потребната опрема и испраќање свои експерти во регионот.
Во рамките на неговата посета на Јапонија, Гроси го разгледа планот за испуштање на радиоактивната отпадна вода акумулирана во нуклеарната централа „Фукушима Даиичи“.