Riyaz Khaliq Khaliq
26 Септември 2024•Ажурирај: 28 Септември 2024
ИСТАНБУЛ (АА) - Јапонија денес во вселената лансираше сателит за собирање информации, кој ќе се користи за потребите на националната безбедност, пренесува Анадолу.
Сателитот е лансиран со ракетата со течно гориво Х2А од Јапонскиот вселенски центар на островот Танегашима во југозападната префектура Кагошима.
Тоа е 49. лансирање на ракетата, заеднички развиена од Јапонската агенција за аеровселенска експлорација и Мицубуши тешки индустрии Лтд, објави токискиот Кјодо њуз.
Претходно, лансирањето на сателитот за извидување беше двапати одложувано поради временските услови.
Сателитот ќе се користи за националната безбедност, како и за процена на штетите по големи катастрофи.