Ahmet Furkan Mercan
22 Август 2021•Ажурирај: 23 Август 2021
ТОКИО (АА) - Земјотрес со јачина од 5,2 степени според Рихтеровата скала е регистриран во близина на брегот на Фукушима, во североисточна Јапонија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Јапонската метеоролошка агенција (ЈМА) објави дека земјотресот е регистриран во 11:24 часот по локално време кај Фукушима.
Евидентиран на длабочина од 60 километри, земјотресот е почувствуван и во други подрачја.
Земјотресот што во 2011 година ја погоди Фукушима предизвика цунами што произведе голема нуклеарна катастрофа на тоа подрачје, најголема по онаа во Чернобил.