Ahmet Furkan Mercan
20 Април 2022•Ажурирај: 20 Април 2022
ТОКИО (АА) - Јапонија воведе забрана за увоз на 38 стоки од Русија како одговор на нејзината војна во Украина, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Забраната е во согласност со американските и европските санкции против Русија.
Меѓу забранетите производи, шест се алкохолни пијалаци, вклучително пиво, четири се производи од дрво и 28 се електрични и други машини, вклучително автомобили и автоделови.
Забраната претставува 1,1 процент од вкупниот увоз на Јапонија од Русија во 2021 година.
Од Министерството за економија, трговија и индустрија изјавија дека ќе претпочитаат алтернативни рути за увоз на производите за кои станува збор.
Главниот секретар на Кабинетот, Мацуно Хироказу, истакна дека меѓународните санкции имале влијание на руската економија.
„Јапонија, во соработка со меѓународната заедница, воведе строги санкции на Русија за да спречи ескалација на кризата и да постигне прекин на огнот што е можно поскоро“, додаде Мацуно.