Riyaz Khaliq Khaliq
20 Април 2022•Ажурирај: 21 Април 2022
ИСТАНБУЛ (АА) - Бројот на загинати од тропската бура Меги на Филипините се искачи на 178, соопштија властите денеска, известува Агенција Анадолија (АА)
Најмалку 111 луѓе сѐ уште се водат како исчезнати, а 8 се повредени, информираше Националната агенција за катастрофи на Филипини.
Меги, локално познат како Агатон, е првиот циклон што оваа година ги погоди Филипините, нација со архипелаг од илјадници острови.
Речиси 2,1 милион луѓе во 2.400 области се погодени од невремето, кое донесе обилни врнежи и предизвика поплави и свлечишта.
„Околу 760 куќи се уништени и повеќе од 10.500 се делумно оштетени во осум региони, вклучувајќи ги Бикол, Западен Висајас, Централен Висајас, Источен Висајас, Северен Минданао и Бангсаморо“, објави дневниот весник „Фил стар“.
Над 176.000 луѓе се раселени, од кои повеќе од половина се сместени во 450 центри за евакуација поставени во погодените региони.
„Во овие области се предизвикани земјоделски и инфраструктурни штети вредни милиони долари, при што Западен Висајас беше сведок на најголемата штета на земјоделските култури“, се вели во извештајот.
„Снабдувањето со електрична енергија е обновено во неколку области, но околу 64 града сè уште се без струја“, се додава.