Ruslan Rehimov
20 Април 2022•Ажурирај: 21 Април 2022
КИЕВ (АА) - Украинската војска денеска објави дека од почетокот на рускиот напад врз Украина загинале околу 20.900 руски војници, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на Генералштабот на Вооружените сили на Украина се наведува дека досега се уништени 171 руски авион, 150 хеликоптери, 815 тенка, 2.087 оклопни возила, 391 артилериски систем и 8 чамци.
„Руските сили, исто така изгубија и 136 ракетни системи, 1.504 возила, 76 тенка, 67 противвоздушни системи и 165 беспилотни летала“, се вели во соопштението.
Војната меѓу Русија и Украина, која започна со рускиот напад на 24 февруари, предизвика меѓународна осуда, доведе до финансиски санкции против Москва и го поттикна повлекувањето на светски компании од Русија.
Најмалку 2.104 цивили загинаа, а 2.862 се ранети во Украина од почетокот на војната, според проценките на Обединетите нации, а реалните бројки се многу повисоки.
„Повеќе од 4,9 милиони Украинци побегнаа во други земји, а повеќе од 7 милиони се внатрешно раселени“, соопшти Агенцијата за бегалци на ОН.