Sümeyye Dilara Dinçer
20 Април 2022•Ажурирај: 20 Април 2022
ФЛАГСТАФ (АА) - Силните ветрови ги проширија пожарите што вчера го зафатија округот Коконино во американската сојузна држава Аризона, известува Агенција Анадолија (АА).
Претставници на округот Коконино, информирајќи дека пламенот достигнал висина од 30 метри, соопштија дека се евакуирани 766 дома и 1.000 животни во областа.
Во регионот е прогласена вонредна состојба откако пожарот, кој вчера наутро зафати површина од 40 хектари, во вечерните часови се прошири на 23 квадратни километри.
Брејди Смит, портпаролот на Националниот парк „Коконино“, истакна дека пожарот се движел од погусто населените области на округот Флагстаф кон североисток, напредувајќи кон споменикот на природата, вулканскиот кратер „Сансет“.
Смит наведе дека е позитивно тоа што пожарот не се проширил во населените места.
Властите соопштија дека нема да се знае дали има повредени сѐ додека пожарот не се стави под контрола.
Противпожарните екипи продолжуваат со операциите за евакуација.