Adel Ömeragiç
18 Мај 2016•Ажурирај: 18 Мај 2016
ПОДГОРИЦА (АА) - Државите членки на НАТО утре во Брисел ќе го потпишат протокоот за пристапување на Црна Гора во Алијансата. Во име на Црна Гора, протоколот ќе го потпише премиерот Мило Ѓукановиќ, јавува Anadolu Agency (AA).
Потпишувањето на протоколот ја отвора и завршната фаза за пристапување на Црна Гора како полноправна членка на НАТО. Потоа, останува ратификацијата од страна на земјите членки, кои мораат врз основа на интерна процедура во своите парламенти да го ратификуваат тој документ. На крајот останува Црна Гора да го ратификува тој документ, со што завршува процесот.
По потпишувањето на протоколот за пристапување, за Црна Гора започнува учеството во работата на работните тела на НАТО, заедно со сите останати членки. Исто така, Црна Гора ќе учествува на сите состаноци во рамките на министрите за надворешни работи на НАТО членките.
НАТО формално ја повика Црна Гора да ги започне пристапните преговори во декември минатата година.