Ayşe Aktaş
17 Април 2017•Ажурирај: 18 Април 2017
КОЛОМБО (АА) - Бројот на загинатите во свлечиштето кое завчера настана на депонија во главниот град на Шри Ланка, Коломбо, се зголеми на 29, јавува Anadolu Agency (AA).
Адвокатот Нуван Пупеј, кој ги поддржа протестите организрани од страна на локалните жители за отстранување на депонијата, соопшти дека до изутринава, 29 тела се извадени од свлечиштето што настана во Митотамула, најсиромашниот регион на главниот град.
Пупеј вели дека 30 лица се водат како исчезнати.
Несреќата во Метотамула се случи во петокот вечерта, за време на прославата на Новата година. Во несреќата се уништени седумдесет и осум куќи, над 150 се оштетени, а 10 лица се ранети и се пренесени во болница.
Жителите кои живеат во импровизирани куќи во Метотамула, место коешто во последните години се користи за складирање на отпадот на главниот град, организираат протести поради тоа што нивното здравје е во опасност.