Ayşe Aktaş
17 Април 2017•Ажурирај: 17 Април 2017
РИМ (АА) - Во акциите што беа спроведени во последните три дена во водите на Средоземното Море, помеѓу Либија и Италија, спасени се повеќе од 6.000 мигранти, јавува Anadolu Agency (AA).
Како што е наведено од крајбрежната стража на Италија, во акциите спроведени во петокот, саботата и во неделата, во кои учествуваа и членови на некои хуманитарни организации, беа спасени повеќе од 6.000 мигранти.
Од Поморската станица за помош за мигрантите, на Твитер беше објавено дека во последните 24 часа помогнале да се спасат стотици мигранти кои патувале со 11 чамци.
За време на акцијата, пронајдени се телата на седуммина мигранти, меѓу кои се наоѓало и едно осумгодишно дете. Локалните медиуми објавија дека мигрантите во овој регион доаѓаат од различни африкански земји, но исто така и од Сирија, Пакистан и од Бангладеш.