Bayram Altuğ
06 Јуни 2017•Ажурирај: 06 Јуни 2017
ЖЕНЕВА (АА) - Двесте и дванаесет луѓе загинаа во поплавите и лизгањето на земјиштето што ја зафатија Шри Ланка, јавува Anadolu Agency (AA).
Претставникот на Фондот на Обединетите нации за деца (УНИЦЕФ) во Шри Ланка, Тим Сатон, рече дека поплавите и лизгањето на земјиштето предизвикани од монсунските дождови се една од најголемите природни катастрофи што ја зафатија земјата во последните неколку години.
Сатон рече дека сѐ уште се трага по 79 исчезнати лица во поплавите и лизгањето на земјиштето предизвикани од обилните дождови, кои се појавија на крајот од мај и го зафатија западниот и јужниот дел на земјата.
Тој додаде дека околу 22.000 луѓе за време на поплавите останаа без покрив над главата и живеат во лоши услови во камповите, како и дека УНИЦЕФ ќе продолжи да им помага на децата.
Во лизгањето на земјиштето што се случија на Шри Ланка во мај минатата година загинаа повеќе од 100 луѓе.
Најголемите поплави и свлечишта ја зафатија земјата во 2003 година, кога животот го загубија 250 луѓе, а беа уништени околу 10.000 домови.