Alyssa Mcmurtry
25 Август 2023•Ажурирај: 27 Август 2023
ОВИЕДО (АА) - Шпанската полиција денес соопшти дека запленила речиси 9,5 тони кокаин во пристаништето Алхесирас, јавува Анадолу.
Според полицијата, ова е најголемата заплена на кокаин во историјата на Шпанија, а дрогата имала логоа на 30 различни криминални мрежи низ Европа.
„Оваа операција беше удар без преседан за една од најважните криминални мрежи во светот за дистрибуција на кокаин“, соопшти шпанската полиција.
9.436 килограми кокаин биле скриени во пакети со банани испратени од Еквадор.
Во соопштението на полицијата се вели дека неименувана криминална организација има „опсежна мрежа на дејствување“ и компанија за банани лоцирана во Мачала, Еквадор.
Полицијата, исто така, соопшти дека организацијата испраќа околу 40 бродски контејнери во Европа месечно, некои натоварени со кокаин.
Откако шпанската полиција ја откри шемата на работа, овој месец почнала да ги надгледува контејнерите на компанијата.
На 23 август открила повеќе од 9 тони кокаин скриени во кутии со банани во контејнер ладилник.