свет

Шпанија: Рамазан во сенка на Алхмабра

Џамијата Ла Мезкита Мајор де Гранада, направена во 2003 година, е прва џамија којашто е изградена неколку века по падот на Гранада во 1492 година, а за муслиманите таа претставува многу повеќе од верски објект.

Hasan Esen  | 28.05.2018 - Обновена : 29.05.2018
Шпанија: Рамазан во сенка на Алхмабра

Andalucia

ГРАНАДА (AA) – ХАСАН ЕСЕН

Езаните од џамијата Ла Мезкита Мајор де Гранада, првата изградена по неколку векови, кои одекнуваат кон Алхмабра, претставуват своевиден симбол на носталгија по рамазаните во Андалузија пред речиси 500 години.

Оваа џамија направена во 2003 година, е прва џамија којашто е изградена неколку века по падот на Гранада во 1492 година, а за муслиманите таа претставува многу повеќе од верски објект.

Единствена џамија со двор и поглед кон Алхамбра кој одзема здив, со изгледот потсетува на периодот од пред неколку века.

Михработ на џамијата потсетува на оној во џамијата во Куртуби (Кордоба), која сега служи како катедрала.

- Ифтар во сенката на Алхамбра

Џамијата во текот на Рамазан привлекува поголем број муслимани во однос на останатиот период од годината. Во текот на денот можно е да се слушне читање на Куран, а со учењето на езан за акшам-намаз на својата скромна трпеза ги повикува муслиманите.

За џематот, кој го сочинуваат во најголем дел луѓе што преминале во ислам, ифтарот во сенката на Алхмабра ништо не може да го замени.

Закариас Лопез Рејон, вработен во џамијата, изјави дека по молитвата на луѓето што постат им се служи харира, мароканска чорба.

Тој рече дека исламската заедница во Гранада пред неколку децении започнала активности во врска со џамијата.

„Во текот на изградбата на џамијата ни беше многу тешко. Процесот, поради економските и политичките причини, се одолговлече. Конечно, во 2003 година џамијата е отворена. Вратите на џамијата веќе 14 години се отворени, а наскоро ќе ја одбележиме и 15. годишнина“, рече Рејон.

Тој додаде дека многу им значи тоа што имаат џамија.

- Потребна е помош од целиот свет

Рејон истакна дека џамијата до денеска опстанала со економска поддршка.

„Меѓутоа, сега преминавме во една нова фаза. Веруваме во Алах. Алах нема да дозволи да се затворат вратите на џамијата. Меѓутоа, за да продолжиме, потребна ни е помош од целиот свет“, рече Рејон.

Мухамед Ибрахим Перез (63), еден од посетителите на џамијата, рече дека навиките на луѓето се засноваат на исламската традиција, а дека тие не се свесни за тоа.

„Се сеќавам на нашиот семеен живот кога бев дете. Денес тоа се нарекува сунет. Луѓето ги чуваа тие мали навики кои потекнуваат од исламот, а за тоа не се свесни“, рече Перез.

Додаде дека исламот секогаш бил една вистина на Гранада.

„Муслиманската заедница во Гранада е важна од меѓународен аспект, а не само од локален или национален“, смета Перез.

Тој го окарактеризира Рамазан како најубав месец во годината.

„Рамазан е милост, чие повторно доаѓање се очекува и посакува. Во овој месец на милоста, се напушта материјалистичкиот начин на живот и се истакнува совеста на луѓето. Многу ми е тешко по завршување на Рамазан да се вратам на вообичаениот начин на живот“, додаде Перез.

Сириецот Нури Мусалах веќе одреден период студира исламска архитектура, а вели дека Гранада е посебно важна за муслиманите.

„Кога пред пет месеци дојдов тука, пред мене беше Алхамбра, покрај мене џамијата. Оваа ситуација ме врати во минатото“, рече Мусалах.

Тој изјави дека кога дошол, сметал дека Алхамбра и Албајзин се најубавите нешта во градот.

„Но подоцна се запознав со нови муслимани, шпански муслимани. Тоа за мене е најубавото нешто во Гранада. Да бидете на ифтар со нив, секој ден за мене претставува големо уживање и задоволство. Тие се дел од Андалузија, тоа можете да го видите и на нивните лица, во говорот и во однесувањето“, појасни Мусалах.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın