Şenhan Bolelli
17 Ноември 2017•Ажурирај: 18 Ноември 2017
МАДРИД (АА) - Врховниот суд на Шпанија првпат донесе одлука со којашто се наведува дека лицата што го величат и го поддржуваат тероризмот на социјалните мрежи прават злосторство, јавува Anadolu Agency (AA).
Судот ја потврди затворската казна на Андека Хурадо Гарсија, кого општинскиот суд минатата година го осуди на 1,5 години затвор поради споделување две пораки на социјалната мрежа „Twiter“ (Твитер).
Пораките му припаѓале на Јосу Урибетсеберија, член на сепаратистичката организација ЕТА и го величеле тероризмот.
Врховниот суд ја отфрли одбраната со којашто овој случај се нарекува слобода на изразување, а во одлуката појасни дека прикажувањето вакви фотографии, слики и пораки не служи за никаква друга цел, освен за величење на некој што е терорист.
Ова е прва пресуда со којашто е казнето споделувањето пораки што го величат тероризмот.