Şenhan Bolelli
25 Мај 2021•Ажурирај: 27 Мај 2021
МАДРИД
Шпанија соопшти дека вратила назад 7.800 од над 8.000 нелегални имигранти што влегле во градот Сеута, кој е нејзина територија во Северна Африка, преку границата со Мароко од 17 до 19 мај, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштенијата дадени за медиумите од Министерството за внатрешни работи и извори од локалната самоуправа на градот Сеута, се наведува дека 7.800 од над 8.000 нерегуларни мигранти што дошле во Сеута биле вратени назад, додека 833 малолетни имигранти биле распределени во три центри за сместување во градот.
Од друга страна, министерот за социјални права, Ионе Белара, се договори за распределување на 200 малолетни нерегуларни мигранти во 16 од 17-те автономни администрации во земјата.
Се додава дека автономните администрации прифаќаат помеѓу 5-20 деца нерегуларни имигранти.
Во нерегуларниот прилив на имигранти, што ја продлабочи дипломатската криза меѓу Шпанија и Мароко, повеќе од 8.000 имигранти пловејќи или пешачејќи преминаа во градот Сеута, помеѓу 17-19 мај, откако мароканската администрација се откажа од контролата на границата.
Со обновување на граничната контрола од страна на Мароко, нерегуларниот прилив на имигранти беше запрен по 20 мај.