Zuhal Demirci
25 Мај 2021•Ажурирај: 27 Мај 2021
ЛОНДОН
Студија спроведена во Велика Британија откри дека специјално обучени кучиња можат да детектираат заразени со Ковид-19 за помалку од 1 секунда како резултат на различниот мирис што луѓето го испуштаат, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според веста на „Гардијан“, во студијата спроведена во земјата се наведува дека луѓето заразени со Ковид-19 испуштаат различен мирис, што може да го детектираат специјално обучени кучиња.
Соодветно на истражувањето, забележано е дека 6 кучиња вклучени во студијата со чувствителност до 94,3 проценти од облеката на луѓето ги детектирале лицата заразени со Ковид-19.
Се наведува дека кучињата откриле 94 од секои 100 заразени лица со коронавирусот. Во однос на брзината на детектирање на Ковид-19, се нагласува дека кучињата ја откриле болеста за помалку од 1 секунда.
Меѓу другото, во студијата се посочува дека обуката на кучињата за да можат да детектираат Ковид-19 трае од 8 до 10 недели. И покрај тоа што стапката за откривање на болеста е многу голема, во студијата се наведува дека кучињата никогаш нема да ги заменат ПЦР-тестовите.
Се забележува дека специјално обучените кучиња можат брзо да ја откријат болеста кај патниците што се симнуваат од брод или авион и дека овие луѓе можат да бидат ставени во карантин додека чекаат резултати од ПЦР-тестот.
Некои земји, како што се Финска, Обединетите Арапски Емирати, Германија и Индија, почнаа да имаат корист од специјално обучените кучиња при откривање на заразените со Ковид-19.