Beyza Binnur Dönmez
13 Јули 2023•Ажурирај: 14 Јули 2023
ВИЛНУС (АА) - Премиерот на Шпанија, Педро Санчез, вчера рече дека му ветил на претседателот на Туркије, Реџеп Таип Ердоган дека Мадрид ќе придонесе во процесот на приклучување на Туркије во Европската Унија, известува Анадолу.
На конференцијата за новинари на маргините на Самитот на НАТО во Вилнус, главниот град на Литванија, Санчез рече дека за време на состанокот со Ердоган ветил дека ќе се обиде да ги унапреди прашањата од интерес за Туркије во врска со нејзиниот пристап во ЕУ во текот на претседавањето на Шпанија со Унијата.
„Мора да видиме како точно можеме да преземеме чекори овие месеци, со цел Туркије да се почувствува поблиску, а не подалечна“, истакна Санчез.
Премиерот на Шпанија додаде дека неговата земја отсекогаш имала позитивен став кон двата главни приоритета на Туркије, а тоа се либерализација на визниот режим и ажурирање на Царинската унија.
Како претседавач со ротирачкиот претседавачки Совет на ЕУ, Санчез рече дека на турскиот претседател му порачал дека Шпанија ќе се обиде да помогне овие две прашања да напредуваат.
Премиерот на Шпанија го пофали привилегираниот и стратегиски однос меѓу Шпанија и Туркије.