Beyza Binnur Dönmez
15 Февруари 2019•Ажурирај: 16 Февруари 2019
АНКАРА (АА) - „Предвремените општи избори во Шпанија ќе бидат одржани на 28 април оваа година“, соопшти денес шпанскиот премиер Педро Санчез, јавува Anadolu Agency (AA).
Одлуката за распишување на предвремени избори е усвоена на денешната седница на Владата.
Предвремените избори во Шпанија ќе бидат одржани пред локалните, регионалните и изборите за Европскиот парламент планирани за 26 мај.