Ahmet Gençtürk
13 Јули 2023•Ажурирај: 15 Јули 2023
АТИНА (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, разговараа вчера за зајакнувањето на односите меѓу Европската Унија и Туркије за време на средбата на маргините на Самитот на НАТО во литванскиот главен град Вилнус, јавува Анадолу.
„Добар состанок со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. Го поздравувам договорот на Туркије да продолжи со приемот на Шведска во НАТО“, напиша Фон дер Лајен на Твитер по средбата.
Таа додаде дека разговарале и за континуираната поддршка за Украина и за неуморните напори на Туркије за продолжување на Договорот за жито преку Црно Море.
Претходно во текот на денот Ердоган одвоено се сретна и со шпанскиот премиер Педро Санчез, холандскиот премиер Марк Руте и грчкиот премиер Киријакос Мицотакис.