Hasan Esen
01 Јуни 2018•Ажурирај: 02 Јуни 2018
МАДРИД (AA) - По падот на Владата на Шпанија лидерот на Социјалистичката работичка партија (PSOE), Педро Санчез е избран за нов премиер, јавува Anadolu Agency (AA).
Педро Санчез, лидерот на опозициската Социјалистичка работничка партија на Шпанија (PSOE), успеа да го смени премиерот Маријан Рахој, кој владееше со земјата седум години.
На барање на PSOE започнато е гласање за доверба на Владата на Шпанија. Со 180 гласа изгласана е недоверба на Владата на Рахој, додека 169 пратеници гласаа против, а еден остана воздржан.
Рахој, кој беше еден од најдолговечните премиери во Европа, ја изгуби довербата во Парламентот откако неговата Народна партија минатата недела беше осудена за корупција.
PSOE за изгласување на недоверба на Владата успеа да ја добие наклонетоста на останатите опозициски партии.
Санчез автоматски е избран за нов премиер на Шпанија. Но, постои можност тој да свика предвремени избори, бидејќи PSOE во Парламентот со 350 места има само 84 пратеници.
По поразот на гласањето за доверба, Рахој му подаде рака на Санчез и му честиташе.