Kasım İleri
04 Април 2022•Ажурирај: 05 Април 2022
ВАШИНГТОН (АА) - Шефот на американскиот Стејт департмент, Eнтони Блинкен ја осуди Русија откако се појавија снимки од убиени цивили во украинскиот град Буча, недалеку од главниот град Киев, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во светот продолжуваат реакциите откако во медиумите се објавени снимки на кои можат да се видат телата на голем број убиени цивили во украинскиот град Буча.
„Остро ја осудуваме очигледната бруталност на силите на Кремљ во Буча и ширум Украина“, напиша Блинкен на официјалниот профил на социјалните мрежи.
Тој порача дека ќе ги употреби сите расположливи алатки за да ги казнат одговорните за масакр над цивилите, да го документираат насилството и да ги споделат тие информации.
Украинската војска, која на 1 април го ослободила градот Буча во близина на Киев, главниот град на Украина, од руските сили, затекна град полн со лешеви, уништени згради и улици.
Во ослободените населби во близина на Киев пронајдени се тела на вкупно 410 цивили.