Ahmed Asmar
14 Декември 2023•Ажурирај: 15 Декември 2023
ЕРУСАЛИМ (АА) - Американскиот советник за национална безбедност Џејк Саливан денес пристигна во Израел на разговори за тековната израелска војна во Појасот Газа, објави армиското радио, јавува Анадолу.
Белата куќа соопшти дека Саливан ќе се сретне со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, претседателот Исак Херцог и со други високи претставници за време на дводневната посета.
Неговата посета доаѓа два дена откако американскиот претседател Џо Бајден изјави дека Израел ја губи поддршката низ светот и дека премиерот Бенјамин Нетанјаху „мора да ја зајакне и промени“ својата Влада.
- Израелски напади на Појасот Газа
Израел започна немилосрдни воздушни и копнени напади на Појасот Газа со неселективно бомбардирање на цивилни населби, станбени објекти, џамии, цркви и болници по неочекуваниот напад од страна на Хамас на 7 октомври.
На 24 ноември, во 07:00 часот по локално време, стапи на сила четиридневната хуманитарна пауза договорена меѓу Хамас и Израел, која потоа беше продолжена за уште три дена.
На 1 декември (петок), по завршувањето на хуманитарната пауза, израелската војска продолжи со своите интензивни напади низ Појасот Газа.
Од почетокот на израелските напади на Појасот Газа на 7 октомври досега се убиени 18.608 Палестинци, а ранети се над 50.594 лица, објавија здравствените власти на палестинската енклава.
Меѓу убиените најмалку 8.000 се деца, а 6.200 се жени.
Официјалната бројка на загинати во Израел изнесува 1.200, при што, според зборовите на пилот на Израелските вооружени сили, можно е дел од загинатите Израелци да се жртва на примената на „Ханибаловиот протокол“ од страна на израелската војска.
„Ханибалова директива“ или „Ханибалов протокол“ е контроверзна процедура што ја користат израелските одбранбени сили (ИДФ) со цел да се спречи киднапирање на израелските војници од страна на непријателските сили. Според оваа директива, „киднапирањето мора да се запре со сите средства, дури и по цена на напад и елиминирање на киднапираните“. Овој протокол од страна на Израел е воведен во 1986 година.