Ekipa
01 Март 2022•Ажурирај: 02 Март 2022
АТИНА (АА) - Најмалку шест нерегуларни мигранти ги загубија животите при бродолом во Егејското Море во близина на грчкиот остров Лезбос, јавува Агенција Анадолија (АА).
Несреќата се случила дури рано утрово, а телата на мигрантите ги забележал случаен минувач на брегот.
Грчката крајбрежна стража во моментот спроведува голема операција за пребарување и спасување во областа за да лоцира евентуални преживеани.
Според соопштението на Грчката крајбрежна стража, шесте тела што се најдени немале појаси за спасување.
Причината за бродоломот сè уште е непозната.