Dmitri Chirciu
01 Март 2022•Ажурирај: 02 Март 2022
МОСКВА (АА) - Рускиот министер за одбрана, Сергеј Шојгу, истакна дека „руската Армија ќе ја продолжи специјалната воена операција во Украина додека не ги постигне своите цели“, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Шојгу на средбата со воените претставници се осврна на војната меѓу Русија и Украина.
Наведувајќи дека Западот го користи украинскиот народ во борбата против Русија, Шојгу рече: „За нас важно е да ја заштитиме Русија од воената закана на западните земји.“
Шојгу, додавајќи дека руската Армија ги презела неопходните мерки за заштита на животите на цивилите, рече: „Нападите со високопрецизно оружје се вршат само врз воени цели. Руските вооружени сили ќе ја продолжат специјалната воена операција додека не стигнат до своите цели.“