Merve Gül Aydoğan Ağlarcı
23 Септември 2021•Ажурирај: 24 Септември 2021
АНКАРА
Рускиот авион, кој исчезна од радарите вчера, се урна во источна Русија, при што загинаа сите шест лица во авионот, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Претставник на Службата за итни случаи за руската новинска агенција ТАСС изјави дека остатоците на починатите се пронајдени на местото на несреќата и дека нема преживеани.
„Регионалните спасувачи продолжуваат да работат на местото, а вработените во Министерството за вонредни ситуации и Истражниот комитет се на пат кон местото на несреќата“, објави новинската агенција.
Авионот „Антонов Ан-26“ исчезна вчера од радарите 38 километри од регионот Хабаровск, додека изведуваше технички лет.