свет, Коронавирус

Бројот на откриени случаи на Ковид-19 во светот надмина 230 милиони

- Како последица на вирусот во светот починаа 4.734.917 лица. Во светот регистрирани се 207.693.605 оздравени лица од вирусот, додека 18.557.157 лица се во процес на лекување.

Sümeyye Dilara Dinçer  | 23.09.2021 - Обновена : 24.09.2021
Бројот на откриени случаи на Ковид-19 во светот надмина 230 милиони

АНКАРА 

Бројот на откриени случаи на новиот вид коронавирус (Ковид-19) во светот надмина 230 милиони, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Според интернет-страницата „Worldometers“, во светот со Ковид-19 досега се заразени вкупно 230.985.679 лица.

Најмногу случаи се откриени во Соединетите Американски Држави (САД), каде што со вирусот се заразени 43.404.877 лица.

Што се однесува до бројот на откриени случаи, по САД следуваат Индија (33.563.421), Бразил (21.283.567), Велика Британија (7.530.103), Русија (7.354.995), Франција (6.971.493), Турција (6.932.453), Иран (5.493.591) и Аргентина (5.245.265).

Како последица на вирусот во светот починаа 4.734.917 лица. Во светот регистрирани се 207.693.605 оздравени лица од вирусот, додека 18.557.157 лица се во процес на лекување.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.