Atila Altuntaş
07 Февруари 2022•Ажурирај: 08 Февруари 2022
СТОКХОЛМ
Родителите муслимани, чии деца беа одземени во Стокхолм, главниот град на Шведска, одржаа протест против институцијата за социјална грижа, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Семејствата собрани пред Парламентот побараа Владата да преземе контрола над ситуацијата и да им ги врати децата.
Демонстрантите носеа транспаренти на кои пишуваше „Вратете ни ги децата“, „Ни ги одзедоа нашите мили деца, претрпевме неправда“ и „Сакаме правда“.
Во изјавата дадена во име на групата демонстранти се наведува дека поголемиот дел од децата се дадени на семејства кои не ги сакаат.
„Некои од нашите деца се дадени на педофилски семејства. Имаме деца кои биле изложени на сексуално насилство, чии голи слики се објавуваат на социјалните мрежи. Сакаме правда, ако децата не ни ги вратите, дајте ги на соодветни семејства“, се нагласува во изјавата.
На демонстрациите присутни беа и Сириецот Диаб Талал и неговата сопруга Амал Шејхо, чии 5 деца се одземени во 2017 година.
Некои мајки на кои им се одземени децата не можеа да ги задржат солзите за време на демонстрациите.
Од друга страна, во соопштението на институцијата за социјална грижа се нагласува дека децата се одземени од нивните семејства поради злоупотреба и насилство.