Atila Altuntaş
09 Јуни 2023•Ажурирај: 10 Јуни 2023
СТОКХОЛМ (АА) - На обвинетиот, кој под изнуда собирал пари за терористичката организација ПКК/ЈПГ во Шведска, му се суди за „финансирање тероризам“, „обид за изнуда“ и „вооружен напад“, јавува Анадолу.
Државното радио СР (SR) објави дека за првпат во земјата му се суди на лице кое под изнуда собирало пари за терористичката организација ПКК/ЈПГ.
Во веста што ја објави државната телевизија СВТ (SVT) се вели дека обвинетиот бил приведен во јануари откако од вработени во ресторан, под закана со пиштол, побарал пари за терористичката организација ПКК.
Обвинителот Ханс Ирман, кој го подготви обвинението, рече: „ПКК е обвинета за собирање пари под уцена во Шведска. Станува збор за дел од посеопфатни активности кои се спроведуваат на организиран начин подолго време. Има силни докази дека осомничениот дејствувал во име на ПКК.“
Шведскиот министер за надворешни работи, Тобијас Билстром, во изјава за весникот „Дагенс нихетер“ дадена во април, истакна дека терористичката организација ПКК/ЈПГ е причина за неодобрувањето на членството на Шведска во НАТО од страна на Туркије.
Во својата изјава, Билстром ја искористи фразата „Активностите на ПКК во нашата земја се многу обемни“.