Alperen Aktaş
22 Мај 2025•Ажурирај: 22 Мај 2025
ИСТАНБУЛ (АА) - Претседателот на Чиле, Габриел Бориќ Фонт, вчера го обвини Израел дека врши „етничко чистење“ во Газа, каде што неговите сили убија повеќе од 53.000 луѓе од октомври 2023 година досега и одбива да престане со борбите сè додека не добие целосна контрола врз територијата, јавува Анадолу.
„Газа достигна таква точка што илјадници деца би можеле да починат во следните неколку часа затоа што Израел не дозволува влез на хуманитарна помош во земјата“, напиша претседателот на социјалната мрежа Х.
Според ОН, ограничената хуманитарна помош што е дозволено да влезе во Газа, по повеќе од два месеца израелска блокада, „ни приближно не е доволна за да ги задоволи потребите“ на населението.
„Оние што го спроведуваат ова и го дозволуваат се воени злосторници и човештвото ќе ги суди соодветно“, рече Бориќ.
Тој додаде дека Чиле врши притисок на сите мултилатерални форуми во кои е членка за да се стави крај на ова „варварство“.