свет

Чешката Влада ќе изврши ревизија на договорот за борбени авиони Ф-35

Коалициската Влада, предводена од премиерот Андреј Бабиш, планира да ги процени условите и авансните плаќања за договорот за борбените авиони Ф-35, вреден 7,2 милијарди долари

Burak Bir  | 29.12.2025 - Обновена : 29.12.2025
Чешката Влада ќе изврши ревизија на договорот за борбени авиони Ф-35

ЛОНДОН (АА) - Чешката Влада планира да изврши ревизија на договорот за купување и управување со 24 борбени авиони Ф-35, изјави министерот за финансии на земјата, пренесува Анадолу.

Коалициската Влада, предводена од премиерот Андреј Бабиш, планира да ги процени условите и авансните плаќања за договорот за борбените авиони Ф-35, вреден 150 милијарди чешки круни (7,2 милијарди долари), изјави Алена Шилерова за Чешката телевизија.

„Го разгледуваме договорот, условите, авансните плаќања, како биле исплатени, дали имало преплатување и така натаму“, ја цитираше Радио „Прага интернешнал“ изјавата на Шилерова.

Претходно, министерот за одбрана Јаромир Зуна од партијата СДП изјави дека неговото министерство ќе спроведе анализа, вклучително и опцијата за раскинување на договорот, иако АНО на Бабиш, најголемата партија во коалициската Влада, изјави дека не е за раскинување на договорот.

Во меѓувреме, вицепремиерот Карел Хавличек претходно изјави дека купувањето на авионите Ф-35 е решено прашање.

Во 2023 година, чешката Влада, предводена од тогашниот премиер Петр Фиала, одобри набавка на 24 авиони, за кои се очекува дека ќе чинат 150 милијарди чешки круни (7,3 милијарди долари), вклучувајќи обука, опрема, оружје и поддршка во текот на животниот циклус.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.