Umar Farooq
01 Мај 2019•Ажурирај: 02 Мај 2019
ВАШИНГТОН (АА) - Американските воздушни сили извршија напад врз мрежа од тунели на терористичката организација ДЕАШ во Ирак, прва борбена мисија која ја извршија два воени авиони на новата генерација F-35, јавува Anadolu Agency (AA).
Пилотот на американскиот бомбардер, Јосеф Морис, изјави дека двата авиони F-35A извршиле успешна операција во Ирак и дека се потврдени сите предности на леталото за време на летот, кое има значително подобри перформанси од својот претходник.
„Авионот на компанијата „Lockheed Martin“ е опремен со современа технологија која ни овозможува инстант собирање на информации од борбеното подрачје и истовремено споделување на информации со другите авиони во таа зона на операција. Тоа нè чини многу поефикасни и поорганизирани во воздух“, изјави Морис.
Авионот се смета за еден од најнапредните авиони во светот.
Авионите беа распоредени во воздухопловната база „Ал Дафра“ во Обединетите Арапски Емирати, како дел од операцијата за елиминирање на терористичката организација ДЕАШ и заканата што ја претставува за Ирак, Сирија и меѓународната заедница.
Овие напади се случија само три недели откако јапонскиот авион F-35A се урна во океанот за време на мисија за обука.
Ова беше втор инцидент на уривање на авион F-35. Во септември, американски Ф-35 се урна во близина на воздухопловната база во Бјуфорт, Јужна Каролина.