Deniz Çiçek Palabıyık
25 Јули 2020•Ажурирај: 26 Јули 2020
АНКАРА
Турција успешно го започна проектот на сервисирање и структурно унапредување на борбените авиони Ф-16, со што работниот век на тие летала се продолжува за додатни 50 проценти од предвиденото, јавува Агенција Анадолија (АА).
Одделот за одбранбена индустрија при кабинетот на турскиот претседател (SSB) соопшти дека првиот сервисиран и унапреден авион Ф-16 ги поминал сите тестирања и дека им е предаден на користење на воздушните сили на турската војска.
Во соопштението се наведува дека проектот го спроведува националната воздухопловна компанија TUSAS и дека на борбените авиони им се вршат потребните сервиси и во значителна мерка се унапредува и зајакнува нивниот труп.
Првиот унапреден авион Ф-16 Блок-30 е вратен во инвентарот на турските воздушни сили, а со проектот е планирано истата процедура на подобрување да ја поминат 35 такви авиони.
Целта на проектот е да се унапредат главните елементи на турските воздушни сили на начин да векот на Ф-16 авионите биде продолжен од 8.000 на 12.000 часови летање.