Associated Press
29 Декември 2019•Ажурирај: 30 Декември 2019
РИМ (АА) - Снежна лавина усмрти еден скијач во познато зимувалиште на Доломитските Алпи во Италија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Италијанската државна телевизија објави дека уште три лица се спасени под лавината што се сруши утрово на скијалиштето.
Тоа е четврти смртен случај во последните 24 часа предизвикан од снежни лавини на италијанските Алпи.
Лавина вчера усмрти две 7-годишни девојчиња и мајката на едно од нив на скијалиште во долината на Сеналес. Настраданите се туристи од Германија.
Италијанското обвинителство води истрага дали скијалиштата на кои се случиле несреќите требало претходно да бидат затворени.
Силните ветришта се причина за снежните лавини на италијанските Алпи, кои за новогодишните празници привлекоа голем број туристи од целиот свет.