Четири лица загинаа при пад на ирански воен хеликоптер во покраината Исфахан
- Хеликоптерот во моментот на несреќата извршувал тренажна мисија. Во падот животот го загубиле пилотот и копилотот, како и двајца цивили кои работеле на пазарските тезги
ИСТАНБУЛ (АА) - Ирански воен хеликоптер се урна денес во областа Дорче во покраината Исфахан, при што загинаа четири лица, јавија локалните медиуми, пренесува Анадолу.
Според првичните информации, хеликоптерот се урнал во комплекс на големопродажен пазар за овошје и зеленчук, објави полуофицијалната новинска агенција Мехр.
Хеликоптерот во моментот на несреќата извршувал тренажна мисија. Во падот животот го загубиле пилотот и копилотот, како и двајца цивили кои работеле на пазарските тезги.
Причината за несреќата засега не е официјално соопштена од надлежните власти.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
