Ikrame Imane Kouachi
02 Август 2024•Ажурирај: 03 Август 2024
ГАЗА (АА) - Најмалку четворица Палестинци се убиени, а неколку други се повредени денес во израелски воздушен напад чија цел беше дом во Хан Јунис во јужниот дел на Појасот Газа, јавува Анадолу.
Палестинската цивилна одбрана во Газа соопшти:
„Нашите тимови извлекоа четворица загинати херои и неколкумина ранети откако израелските воени авиони го нападнаа домот на семејството Барбах во Хан Јунис“.
Во соопштението не се наведува бројот на повредени или сериозноста на нивните повреди по израелскиот напад.
Прекршувајќи ја резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации со која се бара итен прекин на огнот, Израел се соочи со меѓународна осуда поради континуираната брутална офанзива врз Газа од нападот на палестинската група Хамас на 7 октомври 2023 година.
Според локалните здравствени власти, оттогаш се убиени речиси 39.500 Палестинци, главно жени и деца, а над 91.100 се повредени.
По речиси 10 месеци од израелски напади големи делови од Газа се во урнатини.
Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата, со чија последна пресуда му се наложи веднаш да ја прекине воената операција во јужниот град Рафа, каде што повеќе од еден милион Палестинци побараа засолниште од војната пред да започне копнениот напад врз градот на 6 мај.