Aysu Biçer
12 Јули 2024•Ажурирај: 13 Јули 2024
ЛОНДОН (АА) - Четворица мигранти загинаа при обид да го преминат Ла Манш од Франција кон Велика Британија, јавија денес француските медиуми, пренесува Анадолу.
Француската крајбрежна стража потврди за жртвите кои загинале кога чамец со мигранти се превртел за време на опасното патување.
Според францускиот весник „Ла вуа ди норд“ (La Voix Du Nord) и телевизијата БФМ ТВ (BFM TV), инцидентот се случил кога група мигранти се обиделе да стигнат до брегот на Велика Британија по несигурните води.
Француската крајбрежна стража успеала да спаси 63 мигранти, но четворица од пронајдените биле во несвест и не можеле да се спасат.
И покрај зголемените патроли и соработката меѓу француските и британските власти, многу мигранти тргнуваат на опасното патување во потрага по подобар живот.