19 Август 2021•Ажурирај: 20 Август 2021
БЕЈРУТ (АА) - Хасан Насралах, лидерот на либанскиот Хезболах, денеска објави дека првиот ирански брод со гориво е на пат за Бејрут, главниот град на Либан, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Првиот брод кој превезува гориво и кој тргнува од Иран, ги објави сите потребни подготовки“, изјави Насралах.
Тој додаде дека ќе го следат и други бродови кои исто така ќе превезуваат нафта.
Исто така, предупреди на каков било можен чин на Израел и САД против бродот.
Во последните денови на бензинските пумпи во Либан се видливи долги редици, а поголемиот дел од луѓето се соочија со проблеми поради недостатокот на дизел.
Либан се соочува со сериозна економска криза, локалната валута ја загуби речиси целата вредност во однос на доларот, а низ улиците често се одржуваат масовни протести и собири.
Оваа арапска држава не успеа да формира нова администрација по оставката на Владата на Хасан Диаб на 10 август 2020 година, шест дена по катастрофалната експлозија во пристаништето во Бејрут.