Ömer Tuğrul Çam,Nazlı Yüzbaşıoğlu
18 Јуни 2020•Ажурирај: 20 Јуни 2020
АНКАРА
Министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу, истакна дека лидерот на илегалните сили во источниот дел на Либија, Калифа Хафтар, нема легитимитет, и дека веќе не треба да биде на преговарачката маса, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Чавушоглу во гостувањето на телевизиска програма на „Си-Ен-Ен Турк" (CNN Türk) говореше за актуелните теми.
Запрашан во врска со решението за кризата во Либија како и за прашањето за постојано примирје во земјата, шефот на турската дипломатија нагласи дека порано поради ставот на Хафтар не се добиени резултати од напорите извршени во Москва и Берлин во врска со постигнување примирје.
Тој истакна дека Хафтар дошол на ова ниво како резултат на своите придобивки на терен, но според него веќе е променет еквилибриумот на терен.
„Хафтар нема легитимитет. По ова, на преговарачка маса не треба да биде лице, пучист како Хафтар, кој наместо примирје вели дека ја презел контролата врз администрацијата. По ова, не треба да биде земен во предвид“, додаде турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу.