Ali Rezzakoğlu
25 Мај 2022•Ажурирај: 25 Мај 2022
КУДС (АА) - Израелскиот министер за надворешни работи, Јаир Лапид, денеска го прими својот турски колега Мевлут Чавушоглу во израелското Министерство за надворешни работи во Кудс (Ерусалим), јавува Агенција Анадолија (АА).
По средбата, која се очекува да трае повеќе од еден час, ќе следува заедничка прес-конференција на двајцата претставници.
Претходно денеска Чавушоглу го посети Меморијалниот центар на холокаустот „Јад Вашем“ во Западен Ерусалим и положи венец во музејската сала, јави дописникот на АА.
Портпаролот на израелското Министерство за надворешни работи, Лиор Хајат, за АА вчера изјави дека посетата на Чавушоглу е „многу важна како дел од процесот на затоплување на меѓусебните односи меѓу двете земји“.
Израелскиот претседател Исак Херцог во март го посети турскиот главен град Анкара и се состана со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
Ова е прва посета на турски министер за надворешни работи на Израел по речиси 15 години.
Чавушоглу вчера ја посети Палестина каде што се состана со претседателот Махмуд Абас и министерот за надворешни работи, Ријад ал-Малики во градот Рамала на Западниот Брег.