Ekipa
02 Октомври 2018•Ажурирај: 02 Октомври 2018
АНКАРА (АА) - Министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу, истакна дека време е припадниците на ЈПГ целосно да бидат отстранети од Мунбич, и овој град да му се остави на локалното население, јавува Anadolu Agency (AA).
Шефот на турската дипломатија во рамките на неговите средби во Швајцарија разговараше околу актуелните теми.
„Постои мало доцнење во календарот, но важни беа вежбите кои ги извршивме одделно во регионот на Мунбич, како и извршените активности од страна на надлежните лица за спроведување на законот“, истакна Чавушоглу во врска со заедничката патрола на Турските вооружени сили и САД.
„Веќе дојде време припадниците на ЈПГ да бидат целосно отстранети од Мунбич, и градот да му се остави на локалното население, и од аспект на администрацијата, и од аспект на безбедносните единици“, додаде тој.
Чавушоглу нагласи дека овој Договор треба да се спроведе од збор до збор заедно со САД. „Настана доцнење поради нив (САД), но не можеме да кажеме дека целосно лошо се спроведува или дека воопшто не се спроведува“, додаде тој.