Faruk Zorlu
02 Ноември 2018•Ажурирај: 03 Ноември 2018
ДОХА (AA) - Мевлут Чавушоглу, министер за надворешни работи на Турција, во текот на состанокот во Доха со шеикот Мухамед бин Абдулрахман бин Јасим ал Тани, министер за надворешни работи и заменик-премиер на Катар, истакна дека односите на двете земји се одлични во сите подрачја, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Нашите ставови се совпаѓаат, бидејќи нашата цел е мир, спокој и стабилност“, нагласи Чавушоглу
Турција ја поддржа Доха во заливската криза која избувна во јуни во 2017 година, кога Саудиска Арабија, Египет, Обединетите Арапски Емирати и Бахреин ги прекинаа дипломатските и трговските односи со Катар.
Четирите споменати држави го обвинија Катар дека ги поддржува терористичките организации, што Доха остро го отфрли и ембаргото го окарактеризира како кршење на неговиот суверенитет.
Ал Тани во текот на разговорите со турскиот министер истакна дека „сака додатно да се развиваат односите меѓу двете земји“.
Во текот на посетата на Чавушоглу во Катар ќе се разгледуваат најновите случувања во регионот, како и подготовките за четвртиот состанок на Врховниот стратешки комитет на Турција и Катар. Претходниот состанок на Турско-катарскот комитет е одржан во ноември минатата година.